Често поставувани прашања

Дали изработувате работна облека по нарачка?

Да. Изработуваме работна облека според потребите на вашата компанија, со можност за избор на модел, боја, големини и други детали.

Дали може да се додаде лого на компанијата?

Да. Нудиме можност за персонализација на работната облека со логото и визуелниот идентитет на вашата компанија.

Дали работите со компании и нарачки за поголем број вработени?

Да. Работиме со компании од различни индустрии и обезбедуваме работна и заштитна опрема за тимови од различна големина.

Како можам да побарам понуда?

Можете да нè контактирате преку контакт формата, телефонски или по е-пошта. Испратете ни информации за потребните производи и количини, а ние ќе ви подготвиме понуда.

Колку време е потребно за изработка и испорака?

Рокот зависи од видот на производите, количината и степенот на персонализација. По добивањето на вашето барање, ќе ве информираме за точниот рок на изработка и испорака.